Тимот на ППД Загреб дојде до нова титула во Хрватска со што ја потврди доминацијата во оваа земја, но време за одмор нема, па така според последните информации клубот успеал да договори познато и квалитетно име за натпреварувачката 2022/2023.
Имено медиумите од оваа земја информираа дека нов член на „плинарите“ ќе биде екс играчот на Металург и Вардар, Вуко Борозан. Борозан имаше одлични изданија во дресот на „црвено-црните“, ја освои ЛШ со овој клуб, но и воедно ќе биде запеметен по тоа што реши предвреме да го напушти Скопје во кампањата во која Вардар дојде до вториот пехар во елитното натпреварување.
Вуко има играно во Хрватска во Карловац, а во новата средина ќе дојде од Ал Араби од Катар.