Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Монте Карло, а неговиот прв натпревар е закажан за вторник.
Организаторите на турнирот го објавија распоредот на натпревари и познато е дека Ѓоковиќ ќе го игра третиот меч на централниот терен.
Програмата почнува од 11 часот, а најпрво треба да се соочат Алекс Де Минаур и Станислав Вавринка, односно Миомир Кецмановиќ и Матео Беретини, по што ќе заигра и Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ треба да настапи околу 15 часот, а противник ќе му биде Роман Сафиулин.