Одличен натпревар во Шарлот, по продолженијата Сиксерси го запреа домаќинот. Клучен беше Џоел Ембид, кој го одигра најдобриот натпревар сезонава, постигна 43 поени, имаше 15 скока и 7 асистенции. Опоравениот Харс додаде 21 поен, Сиксерси шутираа околу 53% и ја однесоа победата од Каролина. Камерунецот во продолжението даде на Филаделфија шест од осум поени во продолжението и асистираше за уште еден кош. Кели Обри Џуниор броеше до 35, но пропушти тројка за второ продолжение. Хорнерс без ЛаМел Бол, Розије и Пламли поради здравствени протоколи пружија голем отпор, но тоа не беше доволно против расположениот Ембид.

Стеф Кари погоди од половина терен, постигна осум тројки, 31 поен, Вигинс исто така постигна осум удари зад линијата за три поени, па Меџик немаше шанса во Сан Франциско. Кари има 2958 тројки во регуларниот дел од сезоната, уште 15 недостигаат за да го стигне Реј Ален.

Пол Џорџ со 21 поен ги предводеше Клиперс до победата против ослабениот Портланд. Лилард го пропушти четвртиот меч во низа, Блејзерси загубија три меча, во нивните редови го немаше МекКолум, поради повреда на реброто.

Јанис Антеетокумпо сакаше се да биде во знакот 27. За својот 27 роденден даде 27 поени за 27 минути, Милвоки го совлада Кавс, гостите добро се држеа, во последната четвртина се вратија на -2, но Гркот погоди кога требаше па на крајот немаше изненадување. Тој по пауза од два натпревари се врати на теренот .

Чикаго остана без Дерозан поради Ковид протоколите, но Зек Лавин беше енигма за Денвер. Тој постигна 32 поени, па Булси ги добија Нагетс. Помогнаа Лонзо Бол и Никола Вучевиќ, со идентичен учинок, 20 поени и 10 скока, а Денвер немаше одговор во транзиција. Не помогна ниту трипл-даблот на Никола Јокиќ, 17 поени, 12 скока и дури 15 асистенции, најдобар во сезоната. Сепак, Булс го задржаа МВП на лош процент на шут (според неговите стандарди), 6 од 17. Првата петорка на Нагетс беше двоцифрена, но клупата додаде мизерни 10 поени. На крајот 109:97 за Булси.

Резултати:

Шарлот – Филаделфија 124: 127
Детроит – Оклахома 103:114
Индијана – Вашингтон 116: 110
Мајами – Мемфис 90: 105
Чикаго – Денвер 109:97
Милвоки – Кливленд 112:104
Минесота – Атланта 110: 121
Феникс – Сан Антонио 108:104
Голден Стејт – Орландо 126:95
Портланд – ЛА Клиперс 90: 102