Натпреварот од последното коло во Лигата на шампионите помеѓу Порто и Атлетико Мадрид беше вистинска фудбалска војна на теренот на стадионот Драгао.
Два клуба од Пиринеите, зовриена крв, многу провокатори на теренот и директна пресметка за одење понатаму. Сè навестуваше натпревар полн со тензии и кавги, и така беше.
Францускиот судија Турпен имаше полни раце работа, а на средината на вториот дел додели три црвени картони за неколку минути .
Јаник Караско беше првиот играч кој беше исклучен поради ударот врз Октавио, по што следеше повеќеминутна тепачка. Жолти картони добија Кореа , Отавио и Пепе.
https://twitter.com/i/status/1468332651761311744
Пепе беше тој што предничеше во текот на целиот натпревар,беше секогаш во центарот на вниманието. Доби жолт картон бидејќи влезе во лицето на Хермосо.
https://twitter.com/i/status/1468332223841591300
Три минути подоцна црвен картон доби и Вендел откако го удри Куња со лакт. Се доби впечаток дека се работи за ненамерен удар, но играчот на Атлетико го искористи тоа и почна да се тркала по подот, па дојде до ново туркање.
Се се случи при резултат 0:1 за гостите, а судиското надополнување донесе дури три гола. Два постигнаа гостите, додека за домашните стрелец беше Палиња од пенал за конечни 1:3.
Инаку, Пепе е играчот за кој најмногу се зборува по натпреварот. Португалскиот ветеран е познат по испади, груби стартови, остар јазик, а таков беше и синоќа.
Тој не застана ниту по натпреварот кога ја критикуваше ВАР технологијата и сега се соочува со суспензија.
По првото полувреме не заслуживме 0:0. Имавме многу шанси, а Атлетико среќно постигна гол. Натпреварот беше завршен, имаше голема конфузија, тепачки, судијата почна да покажува жолти картони.ВАР технологија е тука да помогне, а денеска тоа не беше случај“, изјави искусниот стопер.
Со поразот од Атлетико европската авантура не е завршена за Порто бидејќи овој клуб напролет ќе игра во Лига Европа.