Одбојкарките на Италија го освоија бронзениот модел на Светското првенство (СП), откако беа подобри со 3-0 во сетови, односно 25-20, 25-15 и 27-25 од САД.
Италија до победа ја предводеше Паола Егону со 25 поени, додека Миријам Сила додаде девет поени, а до осум поени стигна Катерина Бозети.
Во американскиот тим најефикасна беше Андреа Друс со 10 поени, а Келси Робинсон постигна осум поени за САД.
Италија го освои првиот бронзен медал на СП, а во финалето од 20 часот Србија ќе ја брани титулата против Бразил.