Голема трагедија се случи на релито Дакар, во деветтата етапа, откако чешкиот рели-возач на камион Алеш Лопраис удрил навивач на песочните дини, а воопшто не бил ни свесен дека тоа го направил, па на крајот на етапата му ја соопштиле трагичната вест дека навивачот починал.
Организаторите на Дакар ја потврдија смртта на италијански пензионер, кој после ударот бил хоспитализиран откако се пожалил на мачнина и втроглавици, а починал од срцев удар. Лопраис не бил ни свесен дека прегазил навивач, а потоа дознал за тешкиот инцидент.
„Ова за секогаш ќе ме следи. Навистина ми е жал. Сѐ беше во ред и се случи таа несреќа. Ми кажаа кога ја завршив деветата етапа. Бевме легнати во кревет кога ми ја покажаа снимката на која по грешка удривме еден човек, кој ја фотографирал сопругата зад песочните дини. Беше повреден, чувствувал мачнина и вртоглавици, а во следните два-три часа на пат кон болница доживеал срцев удар“, рече Лопраис
Италијанецот имал 69 години и бил голем фан на релито. Инаку ова е петти смртен случај на релито Дакар од 2020 година наваму, а вкупно 76-та трагедија во историјата на најтешкото светско рели.