Најдобрата ракометарка во романскиот тим веќе со години, Кристина Неагу, со своите 9 гола на мечот со Црногорките стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства не само во женска, туку и во машка конкуренција. Неагу денеска стигна до бројката од 296 гола на првенствата на Стариот континент, со што го мина и Валур Сигурдсон (Исланд) кој со 288 гола беше досегашен лидер на оваа листа.
Неагу има шанси и да ја мине границата од 300 гола на ЕП, веќе на дуелот со Германија во четврток.