Три сигурни екипи во кошот од деветте потенцијални противници се Чешка, Србија и Унгарија. Тие го освоија 13., 14. и 15. место на ЕП 2022 бидејќи се подобри од другите три третопласирани во групната фаза, (16. Словенија , 17. Белорусија 18. Словачка) според освоените бодови и гол-разликата. Ќе остане да дознаеме кои ќе бидат уште шесте можни ривали, но се разбира, таква точна и официјална информација ќе имаме дури откако ќе привршат трите кола во главната рунда на ЕП 2022.
Остануваат уште потенцијални девет, Франција, Исланд, Холандија, Хрватска и Црна Гора од групата 1 и Германија, Шпанија, Русија и Норвешка од групата 2.
Потсетување дека во баражот за пласман на СП 2023, Македонија пвро ќе игра двомеч од првото коло, во март, со улога на носител, против ривал кој ќе го дознае идниот викенд, а ќе биде еден од: Швајцарија, Романија, Израел, Финска, Естонија, Грција, Белгија, Италија, Фарски Острови. Ако успее да помине, од улога на неносител ќе биде влечена против Чешка, Србија, Унгарија и уште шест од Црна Гора, Хрватска, Норвешка, Холандија, Русија, Исланд, Шпанија, Германија, Франција.