Баерн Минхен планира да ги засили своите редови за наредната сезона. „Баварците“ се познати по тоа што предвреме ги договараат своите засилувања за наредната сезона, па според пишувањата на локалните медиуми германскиот првак веќе договорил двајца нови играчи.
Едниот е Рајан Гравенберг кој има 19 години и игра за Ајакс. Овој фудбалер одби да го продолжи договорот па клубот од Амстердам е принуден што поскоро да го продаде. Агентот на овој играч е Мино Раиола кој веќе работи на трансферот.
Ајакс ќе бара меѓу 25 и 30 милиони евра, а договорот на играчот истекува во 2023 година.
Друга цел на германскиот гигант е бразилскиот дефанзивец на Торино Глеисон Бремер. Со него веќе биле водени разговори откако претходно клубот не успеал да се договори со Челзи за трансфер на Андреас Кристенсен на „Алијанц арена“.
Бремер ќе ги чини „Баварците“ околу 15 милиони евра. Инаку тој дојде во Торино за 5,8 милиони евра во 2018 година и стана еден од најдобрите централни бекови во Серија А.