Тој остана на седум негатива од четвртиот Јунајтед и сега со два меча кои треба да ги одигра не може да ги достигне „црвените ѓаволи“, а овој кикс е сериозен удар за амбициите на четата на Антонио Конте и сега секој следен кикс ќе значи нов чекор поназад во таа жестока битка за место во европската елита во која конкурираат покрај Јунајтед и Арсенал, Вест Хем и Вулверхемптон. Разликата е шест бода, со тоа што Јунајтед има два меча повеќе од Вулфс, а три од Арсенал.
Бен Ми во последната четвртина од мечот (71. минута) го шокира Тотенхем за голема победа на Барнли и втора победа во низа, по која овој тим сега дојде до 20 бода, како прв во опасната зона, два бода зад првиот во сигурната зона Њукасл, но со меч помалку од „чавките“ и од Евертон, а три бода зад Лидс кој има два меча повеќе од Барнли.
Кристал Палас го остави Вотфорд закован на претпоследната позиција после триумфот со 4-1 во заостанат меч од 18-то коло во Премиерлигата, со головите на Матета во 15-та, Галагер во 42-та и Заха во 85-та и 90-та, а Сисоко во 18-та погоди за Вотфорд.
Кристал Палас со победата дојде до 29 бода и прекина една долга серија без триумф за 11-то место на табелата, а Вотфорд остана на 18 со четврти пораз во последните шест меча, еден пред последниот Норич, а веќе четири со меч повеќе од сигурната зона.