Рeал Мадрид е во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако по продолженијата по неверојатна драма и пресврт го мина актуелниот европски првак во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Реал загуби со 2:3, но поради победата од 3:1 во Лондон отиде понатаму.

Челзи водеше со 3:0 со головите во 15. минута, Рудигер во 51. минута и Вернер во 75. минута и имаше резултат за пласман во полуфиналето.Но во 80. минута Родриго на асистенција на Лука Модрич му обезбеди продолжение на Реал Мадрид. . Во шестата минута од продолжението Карим Бензема постигна гол со кој Мадрид се пласираше во полуфиналето.

„Позитивно е што не се откажавме. Не може многу тимови да дојдат овде и да доминираат со нив како ние. Но, ако ги направите грешките што ги направивме, ќе бидете казнети. Немавме среќа и затоа сме разочарани. Направивме две грешки, загубивме две топки и испаднавме. Заслуживме да поминеме по овој натпревар денеска. Ова е пораз кој треба да го поднесете со гордост како спортист“, изјави по натпреварот тренерот на Челзи, Томас Тухел, додавајќи:

„Фудбалерите одиграа на сосема поинаков начин во однос на првиот натпревар со Реал. Ова е огромна разлика. Бевме многу дисциплинирани и многу активни и без топка. Покажавме храброст и покажавме квалитет. Ние сме специјален тим“, нагласи Германецот, а потоа откри детал кој го разочара.

„Бев разочаран што судијата добро се забавуваше со Карло. Кога сакав да отидам да му подадам рака, тој се насмевна и се забавуваше со противничкиот тренер. Мислам дека беше погрешно време за такво нешто веднаш по последниот свиреж. Кога одите и гледате судија како се смешка и се забавува со друг тренер, тоа е лоша порака. Му го кажав тоа“, заклучи Тухел.