Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ, добија специјална понуда од клубот од Амстердам, која клубот не ја даде на ниту еден од досегашните играчи. Имено, клубот му понудил на српскиот репрезентативец да остане во Ајакс како еден од тренерите по активната кариера.
„Постои желба и јас сум единствениот играч кој добил договор да стане тренер на Ајакс на крајот од кариерата. Тоа е навистина голема почит и му благодарам на клубот за тоа. Да се биде тренер во Ајакс е како да се биде на најдобриот колеџ во светот. Она што можете да го научите за фудбалот овде, не можете да го научите никаде во светот. Вистинско задоволство е да се живее и студира овде“, рече Тадиќ.
Ајакс го водат членовите на златната генерација од 1990-тите Едвин ван дер Сар, браќата Де Бур и Марк Овермарс.
Холанѓаните се слободоумни луѓе, можете отворено да разговарате со нив за сè, можете да се расправате со нив. Можете отворено да им кажете кога нешто не ви се допаѓа. Не е ни чудо што важат за едни од најпаметните луѓе на светот“, заклучил Тадиќ за Нова.рс.