Напаѓачот на „Старата Дама“, Пауло Дибала по се изгледа ќе го пропушти натпреварот меѓу Јувентус и Виљареал во рамките на 1/8-финалето од Лигата на шампионите на 22 февруари.
Аргентинецот заработи повреда на мускулот на натпреварот со Торино (1:1) и беше заменет во 54. минута.
Според новинарот Џанлука Ди Марцио, повредата не е премногу сериозна, но постои можност напаѓачот да не игра со Виљареал, затоа што треба да се опорави комплетно и лекарите не сакаат да ризикуваат со негово предвремено враќање на теренот.