Во последниот ден од преодниот рок Кристијан Ловриќ од Горица направи трансфер во редовите на Осијек за 2 милиони евра. Интересно е тоа што ова не е најголемиот трансфер зимава во ХНЛ. Динамо Загреб токму на Осијек му плати 2,5 милиони евра за Петар Бочкај.
Ова се трансфери кои во македонскиот фудбал веројатно никогаш нема да се случат, но треба да служат пример за нашите клубови како се работи. Прво со продажба на играчи на европскиот пазар, а потоа и како се прават трансфери меѓу екипите во првенството.