Австралискиот фудбалер Бен Гаручио постигна спектакуларен гол на натпреварот меѓу Вестерн Јунајтед и Вондерерс (3:2) во 15. коло од локалната А лига. Гол кој веројатно ќе биде еден од кандидатите за најубав гол на годината во изборот на ФИФА.
Гаручио погоди со скорпија удар во шеснаесетникот по одличниот центаршут на Александар Пријовиќ од левата страна во судиското обештетување на првото полувреме. Интересно, за Гаруци, 26-годишниот дефанзивец, тоа беше прв гол по четири години.