Фудбалерите на Атлетико Мадрид победија на гостувањето кај Осасуна со 3-0 во 25. коло од шпанската Ла Лига. Најубавиот потег на натпреварот се случи во 59. минута, кога Луис Суарез го зголеми водството на гостите на 2:0.
Жоао Феликс, стрелецот на првиот гол, од својот шеснаесетник со долга топка го проигра Суарез во контранапад. Уругвајскиот напаѓач на повеќе од 35 метри од голот со спектакуларен удар со левата нога, го совлада истрчаниот домашен голман.
Диего Симеоне кој не можеше да поверува во она што го виде.