Светската куќа на фудбалот за прв пат ја тестираше употребата на т.н полуавтоматски офсајд.
За време на натпреварот од Арапскиот куп меѓу репрезентациите на Обединетите Арапски Емирати и Мавританија беше тестирана технологијата и процесот на проверка на недозволената позиција, што треба да го поедностави.
Емирати победија со 1:0, а најмногу се зборува за поништениот гол на Али Салех во 69. минута.
Со помош на новата технологија, со помош на камери беше откриен офсајд непосредно пред спектакуларниот удар со „ножички“.
https://twitter.com/i/status/1466824911792611332
Доколку се покаже како корисна, оваа технологија би можела да се користи на Светското првенство во 2022 година во Катар.