Португалскиот фудбалер Рафаел Леао е едно од најголемите откритија во Серија А оваа сезона. Леао веќе имаше репутација на експлозивен и одличен напаѓач, а оваа сезона блесна во полн сјај и е меѓу најдобрите играчи во италијанскиот шампионат.

Португалецот со одличните игри привлече големо внимание од најбогатите европски клубови, а се чини дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Сан Сиро“.

Пари Сен Жермен фрли око на 22-годишниот фудбалер и ќе направи се за да го доведе во своите редови, особено по извесното заминување на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Парижаните подготвија околу 70 милиони евра за Леао, а последните информации велат дека Милан ја прифатил понудата.