Ирскиот УФЦ борец Конор Мекгрегор е уапсен во Даблин поради насилно возење.
Во таа прилика бил запленет неговиот Bentley Continental GT, проценет на 170.000 евра, но набрзо му бил вратен.
Мекгрегор се упатувал кон теретана кога бил запрен поради сообраќаен прекршок. Тој успешно ги поминал тестовите за присуство на наркотици и алкохол во крвта, изјави неговата портпаролка Керен Кеслер.
Против него е поднесена пријава и ќе мора да оди на суд за насилно возење. Казните кои му се закануваат со повторен случај на насилно возење се најмногу 5.000 евра парична казна и шест месеци затвор.
Ирецот е познат по инциденти од овој тип, најмногу по тепачки пред кафулиња. Сепак, тој е и еден од, ако не и најпопуларниот борец во светот на UFC.