„Кнезовите“ пред последното коло се наоѓаат на втората позиција на табелата во францускиот шампионат со 68 бода, идентично како и Олимпик Марсеј, и имаат шанса да се пласираат во ЛШ.
Лориен со ремито без голови на гости против Бордо успеа да обезбеди опстанок во елитното француско друштво.
Олимпик Марсеј си ја закомпликува ситуацијата откако загуби од Рен со 2-0.
Пари Сен Жермен со канонада од голови славеше со 0:4 на гости кај Монпелје. Два гола постигна Лионел Меси, а во листата на стрелците се запишаа и Анхел Ди Марија и Килијан Мбапе од пенал.