Шведските кошаркари ја совладаа Хрватска со 70:64 во третиот натпревар од квалификациската група Ц за Светското првенство.
Ова е трет последователен пораз за избраниците на Дамир Мулаомеровиќ, а драстично се намалуваат нивните шанси за пласман на Мундобаскетот.
Кај скандинавската репрезентација се истакна Виктор Гадефорс со 16 поени, а Андерсон додаде 13.
Биргандер со 12 и Борг со 11 поени исто така беа двоцифрени.
Кај Хрватска најдобар кошаркар беше Зубчиќ со 20 поени , играчот на Сасари Филип Крушлин постигна осум поени и шест скока, а идентичен поентерски учинок имаше и Лука Гњидиќ.
Ова е втора победа за Шведска во групата и моментално се лидери.