Милан и Удинезе одиграа нерешено 1-1 на „Сан Сиро“, клубот од Милано не ја оправда фаворитската улога и освои само бод.

„Росонерите“ поведоа со голот на Леао во 29 минута, и имаше водство се до 66-та од натпреварот.

Удинезе израмни со погодокот на Удоги и стигна до голем бод од ова гостување, Илија Несторовски остана на клупата.

Милан сега има 57 бода на првото место, Удинезе со 26 бода е на 14 место.