Англискиот премиерлигаш Астон Вила го претстави Фелипе Кутињо како ново засилување. Тој доаѓа како позајмен играч од Барселона до крајот на сезоната.
Бразилецот се согласи да дојде во Бирмингем, на барање на неговиот поранешен соиграч, легендарниот Стивен Џерард кој сега ќе му биде менаџер во Астон Вила.
„Се радувам на новиот почеток и се надевам на убави мигови во Астон Вила“, изјави Кутињо.