Шведската скијачка Сара Хектор е победничка во велеслаломот што по 58. пат се скијаше за легендарната „Златна лисица“.
На патеката во словенечка Крањска Гора, наместо во Марибор каде немаше доволно снег, Хектор дојде до втората победа сезонава, а трета во кариерата бидејќи беше најдобра на двете трки.
Второто место го освои искусната Французинка Теса Ворли, трета заврши Италијанката Марта Басино, а најпријатното изненадување со освојувањето на четвртото место го приреди Валери Грениер од Канада.
Сара Хектор го презеде водството во пласманот во велеслалом со 362 бода, 46 повеќе од Американката Микаела Шифрин, која денеска беше само седма.
Утре во Крањска Гора на програмата е слаломската трка.