Швајцарецот Марко Одермат е победник на велеслаломот што се возеше во Аделбоден во рамките на Светскиот куп во алпско скијање.
Пред повеќе од 10.000 домашни навивачи Одермат дојде до првата победа во Аделбоден, а деветта во кариерата по одличното скијање во двете возења.
Од петтото на второто место со најдобро второ возење се проби Австриецот Мануел Фелер, додека на третото место трката ја заврши искусниот Французин Алексис Пинтуро.
Успехот на Швајцареците со освојувањето на четвртото место го потврди и Џастин Мурисије.
Одермат убедливо води во пласманот во велеслалом со 480 бодови, 219 повеќе од Фелер.
Младиот Швајцарец е убедлив и во генералниот пласман на Светскиот куп со 845 бодови, 376 повеќе од Норвежанецот Александар Килде.
Најдобрите светски скијачи утре ќе возат слалом.