Ферари остана без бодови на денешното Гран При на Азербејџан, откако ниту Шарл Леклер ниту Карлос Саинц не успеаја да ја завршат трката. Тоа беше петто и шесто напуштање на болидите на Ферари оваа сезона, што најверојатно ќе ги остави без двете титули.
Прв кој се откажа беше Карлос Саинц, чиј болид откажа во 9-от круг од трката, а најверојатно се работи за проблем со сопирачките. Ферари остана со само
Леклер водеше на трката пред Макс Верстапен во тоа време, но имаше еден влез помалку во боксот и Холанѓанецот веројатно ќе го заземеше првото место дури и ако возачот на Ферари не мораше да се откаже. Ова беше второ повлекување на Леклер во последните три трки. Во Баку имаше пол-позиција, која уште на стартот му ја препушти на Перез.
„Само слушнав некој звук. Мораме да истражиме што е тоа за да не се повтори. Немам зборови да опишам колку сум разочаран. На почетокот на сезоната бевме многу брзи и немавме проблеми и сите промени што ги направивме беа добри. Не разбирам што се случи“, рече Леклер по враќањето во боксот.