Австрија триумфира со 2-0 против Словачка во пријателски меч, но истиот ќе се памети по голот на Криштоф Баумгартнер кој испиша историја.
Натпреварот се одигра на стадионот „Техелне поле“ во Братислава.
Австријците рано ги шокираа домашните навивачи и поведоа со 0-1 уште во првата минута, а стрелец на голот беше соиграчот на Ељиф Елмас од РБ Лајпциг, Кристоф Баумгартнер. Австрија ја задржа минималната предност и на паузата, а во вторите 45 минути само ја потврди мисијата и ја заокружи победата со голот на Андреас Вајман, кој ги постави конечните 0-2 во 83. минута од дуелот.
На Баумгартнер му беа потребни само шест секунди за да ја погоди противничката мрежа.