Германија победи на гости со Франција во пријателски дуел со 2-0, а головите ги постигнаа Флориан Вирц и Каи Хаверц.
Вирц се запиша во листата на стрелци по само седум минути игра, а Французите потоа имаа неколку шанси за израмнување, но не искористија ниту една од нив.
Се обидуваа Турам, двапати Мбапе и Дембеле, меѓутоа Германија успеа да се одбрани.
https://twitter.com/i/status/1771629631134720135
Победата за Германија ја обезбеди фудбалерот на Арсенал, Хаверц на асистенција од Мусиала.
Асот на Баер Леверкузен на самиот старт даде еврогол. Вирц по изведувањето од центарот тргна кон противничкиот гол и со шут од преку 25 метри стрела ефектно во аголот по само СЕДУМ секунди игра.