Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола со право e разочаран по поразот од Реал Мадрид (1-3) и елиминацијата од полуфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) бидејќи неговиот тим во еден момент беше во добра позиција да избори финале, но сепак неговите избраници ги прокоцкаа шансите.

Гвардиола има неславен рекорд во елитното натпреварување бидејќи загуби дури шест полуфиналиња во ЛШ, па така се израмни со Жозе Мурињо.