Шериф од првиот меч имаше голем багаж од два гола предност, ама за едно полувреме Португалците ја стопија таа предност, по што во вториот дел влезе Николов, мрежите мируваа, па пеналите беа тие што решаваа за последниот патник во осминафиналето.
А, таму, „шерифите“ беа очајни пеналџии. Ги утнаа првите три шута, Дуланто, Бруно и Раделиќ промашија, Брага имаше огромни 2-0 по три серии, но и португалскиот тим промаши два шута од белата точка, пред Мура да погоди за конечен триумф.
Хорта, Ал Мустрати и Мура дадоа голови од пеналите за Брага, а Басит и Тил за Шериф.
Пред Николов, од Лига Европа испаднаа и Стефан Ристовски со Динамо Загреб како и Елиф Елмас со Наполи.