Исланѓаните славеа против големиот фаворит , Италија по две продолженија – 107:105
Во Исланд на најсензационален можен начин заврши денот кога се во прашање квалификациските кошаркарски натпревари за Светското првенство. Апсолутно неверојатно, Исланд во третото коло ја совлада Италија по две продолженија со 107:105 (21:18, 23:15, 21:26, 20:26, 9:9, 13:11).
Неверојатен натпревар беше виден на Исланд. Италијанците целосно го потценија домаќинот кој водеше во текот на целото прво полувреме и дојдоа многу блиску до победа. Имаа дури пет поени предност во последните две минути, но не можеа да го издржат налетот на Италијанците.
На 79 секунди до крајот резултатот беше 85:81, но тоа не беше доволно за триумф. Стефано Тонут лесно го наоѓаше патот до кошот, а потоа промаши Исланд, аа истиот италијански играч да донесе израмнување. Тонут имаше можност да им донесе триумф на Италијанците во регуларниот дел од натпреварот, но го промаши ударот.
Повторно Истленд беше поблиску до победа во првото продолжение, но повторно не издржа. Се беше решено во наредните пет минути. Исланд повторно одигра одлично. Создаде предност, но овојпат го издржа налетот на Италијанците. Мартин Хамермарсон одигра клучна улога во финишот, погодувајќи клучни слободни фрлања за сензационална победа.
Тригви Хлинасон одигра натпревар на кариерата со 34 поени и 21 скок за домашната селекција. Го следеше Елвар Фридриксон со 25 поени, додека Мартин Хермансон постигна 23 поени.
Од друга страна, најефикасен кај Италија беше Нико Манион со 23 поени, а Микаеле Витали постигна 22 со девет скока.
Ова е втор пораз за Италија во овие квалификации, додека Исланд е најпријатното изненадување откако го забележа вториот триумф.