Александер Зверев славеше против италијанскиот играч Јаник Синер со пресврт (5-7, 6-3 и 7-6), па така обезбеди пласман во полуфинале на Мастерсот во Монте Карло.
На Зверев му требаа повеќе од два ипол часа да го скрши 12. тенисер во светот, но на крајот успеа да ја задржи минималната предност во третиот сет и да дојде чекор поблиску до титулата.
Германецот водеше со 4-1 во првиот сет, но Синер набрзо израмни на 4-4, а потоа со брејк стигна до 7-5.
Во вториот сет Зверев ја поправи играта и без многу мака го освои со 6-3 и така израмни на 1-1 во сетови.
Двајцата тенисери играа одлично во последниот сет, каде што Зверев беше подобар во тај-брејкот и така се избори за полуфинале.
Зверев во полуфинале ќе игра против подобриот од мечот меѓу Стефанос Циципас и Диего Шварцман.