Денес се одигра одложениот натпревар во ПМФЛ помеѓу Струга Трим Љум и Ренова, а причина беа временските неприлики.
Сега теренот беше спремен за игра и на крајот домаќинот дојде до победа со гол во последните моменти од натпреварот.
Џокерот на Струга, Дејан Цветановски во игра влезе во 84. минута од натпреварот како засилување на напаѓачката линија, а само 8. минути подоцна пред последниот свиреж на судијата одлично се снајде и со глава фо матираше голманот на Ренова.
По натпреварот изјава за Спортпрес даде херојот на Стружани.
“Среќен сум за голот и за победата која што многу ни беше потребна. Останува добро да се одмориме и да бидиме спремни за пролетниот дел” – изјави 31-годишниот напаѓач на Струга Трим Љум.
Струга со оваа победа дојде на само еден бод (26) од Ренова и Македонија Ѓорче Петров на петтата и шестата позиција.