Пред вечерашниот натпревар од петтото коло на Лигата на шампионите на ФИБА против екипата на Фалко Сомбатели, кошаркарскиот клуб АЕК го повлече дресот со број 13 што го носеше Стеван Јеловац.
Јеловац ја загуби животната битка на 5 декември, бидејќи на 14 ноември доживеа мозочен удар за време на тренингот на грчкиот тим.
Тој е член на АЕК од летово по доаѓањето од Јапонија.
Во текот на кариерата настапуваше за Мега, Црвена Звезда, Анталија, Касерта, Сарагоса, Ритас, Нижни, Бамберг и Газиантеп.