Баерн Минхен соопшти дека Садио Мане се уште не е отпишан за Светското првенство.
Сенегалскиот крилен напаѓач се здоби со повреда на коленото на натпреварот против Вердер Бремен, на 13 дена пред почетокот на Светското првенство.
„Екип“ веќе во средата објави дека вториот во изборот за Златна топка нема да го видиме во Катар, но тоа не е потврдено.
“Садио Мане се повреди против Вердер Бремен. Најдобриот фудбалер во Африка ќе го пропушти саботниот натпревар против Шалке. Следуваат дополнителни тестови во наредните денови. Баерн е во контакт со медицинскиот персонал на ФС Сенегал”, објави Баерн.
Ниту тренерот на Баварците Јулијан Нагелсман не можеше да каже ништо за повредата на Мане.
Мане за Сенегал одигра 92 натпревари и постигна 33 гола.
Првиот натпревар Сенегал ќе го одигра против Холандија.