Наполи оствари триумф (2-1) над Удинезе откако Виктор Осимен се погрижи за пресврт во второто полувреме од дуелот на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Сега „наполитанците“ се израмнија на врвот со Милан со по 63 бода.
Жерар Делофеу во 22.минута го доведе Удинезе во водство, а израмни Виктор Осимен во 52. минута. Нигериецот беше стрелец и на вториот погодок за Наполи во 63.минута. Во завршницата од дуелот, Удинезе остана и со фудбалер помалку, исклучен беше Пабло Мари.
Елиф Елмас влезе во игра во финишот, а Илија Несторовски остана на клупата за резерви.