Милан загуби на гостувањето кај Специја со 0-2 во 35. коло од Серија А и така направи чекор назад во битката за пласман на позициите кои водат во Лигата на шампиони.
Двата гола на натпреварот беа постигнати во финишот, откако најпрво Висниевски погоди за водство од 1-0 на Специја, а 10 минути подоцна Еспозито ја потврди победата на домаќините.
https://twitter.com/vartatico/status/1657439567425724418?s=20
https://twitter.com/vartatico/status/1657442801485791232?s=20
„Росонерите“ остануваат на петтата позиција со 61 бод, односно два помалку од четвртопласираниот Интер, кој има одиграно и еден натпревар помалку од градскиот ривал.