Португалија го подигна трофејот на Светското првенство во Футсал кое се одржуваше во Литванија . Тие во финалето беа поуспешни од селекцијата на Аргентина со 2:1 (1:0) . Стрелец на двата гола за Португалија беше Пани Варела во 15 и 28 минута , а Клаудино во 29 минута успеа да го намали резултатот . До крајот од мечот Аргентина со сите сили се обидуваше да израмни но одличната игра на Португалците во одбрана и голманот Бебе не им дозволија .

ВИДЕО

https://www.youtube.com/watch?v=vpTKfj8GfAI

Во натпреварот за третото место Бразил го совлада Казахстан с0 4:2 (0:1)

За најдобар играч на првенството е избран Рикардињо од Португалија , стрелецот на двата гола во финалето Пани Варела е втор , а трет е Даглас Јуниор од Казахстан .

Николас Сармиентo од Аргентин ја освои наградата „Златна ракавица“, доделена на најдобриот голман на турнирот.

Што се однесува до најдобриот стрелец наградата му припадна на Бразилецот Ферао со девет гола, следен од Пани Варела со осум. Трет заврши Тајнан од Казахстан.