Екипата на Фрајбург ја запиша третата победа по ред, односно осма во германското првенство, откако вечерва го совлада Келн со 2-0 и така му се приближи на лидерот Баерн Минхен на само еден бод.
„Јарците“ успешно се бранеа до 53. минута кога Јеонг Ву-Јеонг го пронајде патот до мрежата за водство од 1-0 на Фрајбург, а набрзо водството беше дуплирано преку Грегориш (2-0).
Фрајбург има 27 бодови на втората позиција во Бундеслигата, односно еден помалку од лидерот Баерн Минхен и еден повеќе од Унион Берлин.