Само првичната отштета беше околу 85 милиони евра, а со бонуси трансферот достигна и до девет цифри. Но, без разлика на големите очекувања, Англичанецот престојот на „олд Трафорд“, барем засега, заврши неуспешно, до тој степен што менаџерот Ерик Тен Хаг буквално го избрка од таборот на „ѓаволите“.
Тој подолг период воопшто не тренира со Јунајтед, а сега е пред нов-стар почеток. Санчо, според пишувањето на „Билд“ кое беше потврдено од најдобро информираниот новинар Фабрицио Романо, е пред враќање во Дортмунд. Тоа ќе се случи во вид на заем, за кој бундеслигашот ќе плати три милиони евра за до крајот на сезоната.
Најавено е дека англискиот репрезентативец веќе утре ќе биде во тренинг -кампот „милионерите“ во шпанска Марбела.