Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона продолжуваат да играат во одлична форма и забележаа уште една нова победа во Примера, откако ја совладаа екипата на Лас Палмас со минимални 1-0. „Каталонците“ иако доминираа, сепак многу потешко од очекуваното дојдоа до победата против противникот кој од 24-тата минута играше со човек помалку на теренот.
Единствениот гол, кој значеше и победа за Барселона го постигна Рафиња во 59-тата минута, после фантастичната асистенција на Жоао Феликс. На тимот од Каталонија му беа потребни дури 14 удари кон противничкиот гол за да стигнат до минимална но заслужена победа.
„Каталонците“ со оваа победа се доближија на само пет бода од лидерот Реал Мадрид, кој дополнително треба да го одигра својот натпревар од ова коло.