По одигрувањето на финалниот натпревар меѓу Веспрем и Загреб се спушти завесата на 11.издание на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.

Место меѓу најдобрите имаше и за двајца членови на Еурофарм Пелистер, кој го освои третото место со триумфот над Нексе Нашице.

Тоа се пивотот Жарко Пешевски и десниот бек Усама Хосни, кои имаа одлични партии на двата меча во Задар.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА Ф4 СЕХА:

лево крило: Тимур Дибиров (Загреб)
лев бек: Звонимир Срна (Загреб)
среден бек: Кентан Мае (Веспрем)
десен бек: Усама Хосни (Еурофарм Пелистер)
десно крило: Никита Вајлупов (Веспрем)
пивот: Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
голман: Алјаж Пантјар (Загреб)
дефанзивец: Јаков Гојун (Загреб)
МВП: Расмус Лауге Шмит (Веспрем)