Барселона веќе зачекори на фајнлфорот во Келн после големата предност што во Данска ја обезбеди со седум гола предност против ГОГ во првото четвртфинале во Лигата на шампионите после победата со 37-30 и само формалност ќе биде реваншот во Каталонија за седум дена.
Барселона ја потврди апсолутната фаворитска улога уште од самиот старт, а ГОГ во ниту еден момент не им се закани, па предноста од еден-два гола во текот на првиот дел ги донесе до плус четири на полувремето (19-15), а во вториот дел Каталонците беа уште посигурни и дојдоа до најубедливите плус осум (30-22) и стигнаа до убедливата победа со седум разлика.
Блескаше екс-вардарецот Лука Циндриќ со девет гола како предводник на Барса.
ПСЖ после гостинската победа кај Кил е со една нога во Келн, па реваншот дома исто така треба да им биде формалност, додека најнеисвесно ќе биде во другите две четвртфиналиња кои завршија без победник. Висла Плоцк и Магдебург ремизираа 22-22, а Веспрем и Кјелце 29-29.