Португалките влегоа како фаворитки во натпреварот, но нашите девојки со храбра и борбена игра го освоија првиот бод во втората фаза бидејќи од првата не пренесовме бодови.
Првото полувреме донесе максимално изедначена игра. Ние имавме само еднаш предност кога на стартот поведовме со 4:2.
Иако во поголемиот дел од првите 30 минути ние бевме во негатива од еден гол на крајот со водство од 14:13 заминавме на одмор.
Во второто полувреме имаше подобра игра на Македонија, па во еден момент на 10-тина минути до крајот стигнавме и до највисоките „плус четири“.
Финишот од средбата им припадна на Португалките, па се дојде до неизвесна завршница во која Македонија не успеа да издржи и дозволи Португалија да изедначи.
Сара Стефаноска со девет гола беше најдобра во нашиот национален тим, пред Борјана Коцева со пет постигнати гола. Голманката Матеја Чурлиновска имаше 19 одбрани. Кај Португалија, Лусиана Ребело даде девет гола, а голманката Роса фати 11 топки.
Утре, Македонија ја чека вториот натпревар од оваа фаза. Во терминот од 20:15 часот ќе се сретнеме со селекцијата на Црна Гора.