Хрватските ватерполисти ја освоија титулата европски првак. Противник во финалето на ЕП во Сплит беше многу квалитетната и силна унгарска репрезентација, но Хрватска победи со 10:9!!!!!

Големото финале во Спаладиум Арената во Сплит заврши со победа на Хрватска со 10:9. По златото во Загреб во 2010 година, Хрватска повторно стигна до титулата европски првак во својот базен, втора во историјата.

Ивица Туцак ја подмлади репрезентацијата, голем број нови играчи ги презедоа главните улоги во репрезентацијата, главна цел беше ова ЕП и таа цел беше остварена.

Од првиот ден во Сплит, Хрватска имаше фантастична поддршка од трибините, а на крајот имаше нешто невидено во ватерполо натпреварите.

Што се однесува до финалниот меч, од првата до последната секунда мечот беше отворен, се водеше голема битка, а на крајот Хрватска излезе како победник.

Во последната делница се чувствуваше нервоза на двете страни, имаше и грешки, но на крајот хрватските ватерполисти беа посмирени кога беа досудени петтерци и ги реализираа своите можности.

Само еднаш пред последниот дел разликата беше два гола и тоа на почетокот на третиот дел кога Рино Буриќ погоди за 5:3. Сепак, Унгарците имаа одговор и преку Немет и Манхерц се вратија во игра.

Во последниот дел на семафорот долго време стоеше 8:8, а на две и пол минути до крајот Мариниќ Крагиќ реализираше петерец за 9:8. Веднаш беше досуден пенал и за Унгарија, но на другата страна Манхерц погреши и ја погоди гредата.

Хрватска отиде во контра, Жувела беше запрен, а Мариниќ Крагиќ од новиот пеналк ја однесе Хрватска на 10:8.

Унгарците успеаја да намалат, но до крајот остана премалку и не ја добија вистинската можност да израмнат. Хрватска го задржа водството и ја прослави шампионската титула .

Унгарија – Хрватска 9:10 (3:3, 3:4, 7:8)

Унгарија: Мартон Леваи, Сома Вогел (7 одбрани), Даниел Ангјал, Кристијан Манхерц 1(1), Акош Конарик 1, Адам Наѓ, Ерик Молнар 2, Герго Заланки 1, Гергели Буријан, Тони Јозеф Немет 1, Герго Фекете, Силард Јаниќ 2(1), Вендел Чаба , Вигвари 1

Хрватска: Марко Бијач (8 одбрани), Тони Попадиќ, Рино Буриќ 3, Лорен Фатовиќ, Иван Крапиќ 1, Франко Лазиќ, Лука Букиќ, Матиас Биљака, Марко Жувела, Јерко Мариниќ Крагиќ 2(2), Јосип Врлиќ, Андрја Башиќ 1 , Константин Харков 3

Тек на натпреварот: 0:1 Харков, 1:1 Заланки, 2:1 Молнар, 2:2 Буриќ, 2:3 Крапиќ, 3:3 Молнар, 3:4 Харков, 3:5 Буриќ, 4:5 Немет, 5: 5 Манхерц (5м), 5:6 Буриќ, 6:6 Конарик, 6:7 Харков, 7:7 Вигвари, 7:8 Башиќ, 8:8 Јаншик, 8:9 Мариниќ Крагиќ (5м), 8:10 Мариниќ Крагиќ (5м), 9:10 Јаншик (5м)