Никола Јокиќ беше на чекор од трипл-дабл, но Денвер Нагетс сепак доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Милвоки со 95-112.

Србинот остана сам во борбата со противничките кошаркари бидејќи во првото полувреме останатите кошаркари од стартната петорка постигнаа само седум поени, а притоа се повредија Џамал Мареј и Кентавиус Колдвел Поуп. По 36 минути, Милвоки водеше со 28 разлика, па во последниот квартал тренерот Мелоун ги стави во игра резервните кошаркари кои делумно го ублажија поразот.

Грчкиот звер Јанис Адетокумпо беше најефикасен на натпреварот со 36 поени и 18 скока, плус пет асистенции, додека Јокиќ заврши со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции. Далеку зад Србинот остана Гордон со 14 поени.

 

 

Денвер сега е на четвртата позиција на табелата на Западот со една победа помалку, но и натпревар повеќе од лидерот Минесота. Милвоки е трет на Истокот со биланс 35-19, далеку од првопласираниот Бостон.

Најголемото изненадување на вечерта го приредија кошаркарите на Сан Антонио Спарс. Во Канада доминираше Вембањама, кој впиша редок трипл-дабл, а неговиот тим извојува победа над Торонто Репторс од 99-122,