Екипата на Атлетик Билбао се врати на победнички патеки по болниот пораз од Атлетико Мадрид. Екипата од Баскија победи на гостувањето кај Хетафе (0-2) во Мадрид.
Уште една победа го дели тимот од сигурен настап во второто натпреварување на УЕФА. Билбао може да дојде и до ЛШ, но тешко е да се верува дека директниот конкурент Атлетико ќе си дозволи киксови во рундите кои следат, затоа што тоа се клучни бодови за избраниците на Чоло Симеоне.
Трите бода на Билбао на овој натпревар ги донесоа браќата Вилијамс. Ињаки Вилијамс беше двоен стрелец, во 27. и 51. минута, додека братот Нико Вилијамс беше на два пати асистент. Билбао имаше црвен цело второ полувреме, но сепак победата не беше доведена во прашање. Хетафе можеше да ја врати неизвесноста пред крајот, но Гринвуд промаши пенал, голманот Унаи Симон го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло Атлетик Билбао ја пречекува Осасуна, додека Хетафе гостува кај тимот на Кадиз.