Суперкупот меѓу турските гиганти Галатасарај и Фенербахче не се одигра во Ријад, Саудиска Арабија, откако организаторот не дозволи фудбалерите да влезат со маички со ликот на Кемал Ататурк.
Организаторот соопшти дека тоа е политички симбол и им забрани на фудбалерите да се појават со такви маички, а тоа предизвика револт кај гигантите кои не се појавија на стадионот, по што цела Турција се обедини.
Меѓутоа овој потег може скапо да ја чини Фудбалската федерација на Турција. Медиумите пишуваат дека С. Арабија ќе бара отштета од неверојатни 40 милиони евра.
.Турските новинари присутни на стадионот објавија дека натпреварот е откажан и дека ќе се игра во друго време и на друго место, а сега се чека само официјална потврда од двата клуба.