Македонската репрезентација за кошаркари до 18 години го оствари и третиот триумф на Европското првенство Б-дивизија во Скопје, откако ја победи Чешка со 94-86.
Првата четвртина помина со израмнета игра (27-27), додека до полувреме Македонија беше ефикасна во нападот за на паузата да замине со 59-49.
Македонија во третата четвртина поведе и со +13 (62-49), но Чешка почна да го топи водството и израмни на 72-72 на почетокот на последните 10 минути.
Јуниорите на Македонија, сепак, не дозволија пресврт и го засилија темпото во завршницата за триумф од 94-86.
Никола Јаничиќ го заврши дуелот со 25 поени, пет скокови и пет асистенции, додека Микулаш Чанк запиша 25 поени за Чешка.
Македонија е прва во групата Ц со шест бодови, по што следат Украина и Чешка со по пет, Босна и херцеговина има четири, додека по два бода имаат Ирска и Кипар.