Кристијано Роналдо се израдува на првиот погодок постигнат за новиот клуб Ал-Наср, но Португалецот немаше многу причини за задоволство. Неговиот клуб иако беше фаворит на гостувањето кај Ал-Фатех, на крајот одигра само реми 2:2.

Ал-Наср се спаси од пораз, благодарение на голот на Роналдо од пенал во 93 минута и тој момент може да го видите ТУКА.

Пред да го даде дебитантскиот гол во првенството на Саудиска Арабија, Роналдо имаше неколку големи промашувања на овој натпревар. Во првиот дел, Португалецот промаши две големи шанси.

Од првиот обид шутираше високо над голот, а навивачите кои беа на трибините во неверување се фаќаа за глава.

 

Пред крајот на првиот дел, Роналдо можеше да донесе водство за Ал-Наср од 2:1, но неговиот шут заврши во стативата. Првата ѕвезда во азискиот фудбал, даде и гол во 35 минута, но беше поништен поради офсајд.

Разочарувањето кај Роналдо беше на највисоко ниво сакаше и да се тепа, но на крајот малку може да биде задоволен со голот од пенал.